Овој водич е подготвен со финансиска поддршка на Eвропската Унија во рамки на проектот „Социјална вклученост преку социјални мрежи помеѓу граѓански организации и социјално претприемништво – 4SNET“ што го реализира Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово и Мултиетничко и невладино женско здружение Љинда Куманово. Наведените мислења на оваа публикација се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата на Европската Унија.
Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Куманово во соработка со Мултиетничката и невладина женска организација Љинда од Куманово од декември 2017 година го спроведува проектот “Социјална вклученост преку социјални мрежи помеѓу граѓански организации и социјално претприемништво – 4SNET“ кој се реализира во рамките на “Националната програма за помош при транзиција и зајакнување на капацитетите на институциите 2013“, Инструмент за претпристапна помош (ИПА) и е финансиран од страна на Европската Унија. Проектот ќе се реализира до декември 2019 година. Една од активностите кои се предвидени во проектот е подготовка на Водич за најдобри практики во застапувањето, граѓанскиот активизам и дијалог помеѓу владата и цивилното општество. Подготвениот Водич е резултат на анализата на најдобрите практики во соодветни области кои се применуваат во земјите кои имаат поразвиен и активен граѓански сектор. Водичот, како што е предвидено во проектните активности, е прилагодено на спецификите на граѓанскиот сектор во Република Македонија и на капацитетите на Невладиниот сектор. Водичот се стреми да ги дефинира потребните чекори за поттикнување на невладиниот сектор кој работи во областа на социјалата и да ги упати целните групи на методологијата која треба да ја применат за да го подобрат своето работење од аспект на остварување на целите за кои и се создадени. Водичот ќе им овозможи на невладините организации во делот на застапување, граѓански активизам и дијалог помеѓу владата и невладиниот сектор полесно имплементирање на предвидените процеси и подобрување на нивната успешност во работата со ранливите групи, што ќе придонесе кон подобрување на состојбата на ранливите групи.....